Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Илјада млади со конкретни идеи за општеството и развој на социјалното претприемништво

Повеќе проекти  за справувањето со отпад, помагање на лицата со попреченост, подобрување на зелените бизниси и поголема соработка со инстутуциите- се барањата  од невладините организации за социјално претприемништво. Овие проекти ќе се реализираат со вклучување на младите од целата држава кои сакаат да придонесат за решавање на проблемите во општеството. За таа цел во овие […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе проекти  за справувањето со отпад, помагање на лицата со попреченост, подобрување на зелените бизниси и поголема соработка со инстутуциите- се барањата  од невладините организации за социјално претприемништво. Овие проекти ќе се реализираат со вклучување на младите од целата држава кои сакаат да придонесат за решавање на проблемите во општеството. За таа цел во овие проекти се вклучени 1000 млади луѓе од целата држава од осум плански региони  со шест младински центри. Воедно се бара и подобра соработка со општините за поефикасна реализација на проектите.

-Работевме на градење на капацитети на локалните организации и оттука ќе се покажат сите оние предизвици и резултати на локално ниво во 8 плански региони . Она што е позитивно и она што нас не научи овие триесет месеци е дека младите луѓе имаат желба и интерес да бидат дел од овој еко систем–истакна Анелија Митова- Младински сојуз

Од невладините додаваат  дека младите луѓе сакаат и ја препознаваат потребата од работа во бизнисот  каде  што профитот не е во прв план туку доброто  за заедницата.

Реклама

-Еден од клучните моменти кои што очекуваме да се роди во текот на оваа конференција епред се да им упати порака на креаторите на социјалните политика  е дека социјалната економија во Македонија не е нешто ново таа е нешто што граѓанските организации и дел од инстутуциите во континуитет веќе 10 години го развиваат–истакна Александра Лопарска Иловска- Асоцијација за истражување,  комуникација и развој- Паблик

Сите потреби и барања, младите луѓе ќе ги достават до надлежните интитуции за да има поголем ефект од проектите на кои работат. Исто така бараат  и законска рамка за социјалното претприемништво во државава.