Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата, информира Министерството за енергетика во соопштение. Настанот, кој за првпат се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата, информира Министерството за енергетика во соопштение.

Настанот, кој за првпат се организира во Македонија во партнерство со државните институции, претставува значајна платформа за размена на искуства и идеи меѓу носителите на политики, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор, со цел поттикнување на одржлив економски развој и инвестиции.

Министерката Божиновска беше панелист на дискусијата посветена на енергетската транзиција, заедно со претставници на IFC, Светска банка, МЕПСО и приватниот сектор.

Реклама

„Создаваме правна рамка за поотпорен и посигурен енергетски систем. Новиот Закон за енергетика, донесен во 2025 година, ја усогласува Македонија со Пакетот за чиста енергија на Европската Унија и воспоставува посилна рамка за развој на обновливите извори на енергија, системите за складирање на енергија, пазарите за тргување ден однапред, поголемо учество на потрошувачите, планирањето во вонредни услови и десетгодишното планирање на мрежата. Особено важно е што законот воведува појасни правила за приклучување на електроенергетската мрежа и го третира складирањето на енергија како посебна регулирана дејност, што е од суштинско значење доколку сакаме обновливите извори на енергија да ја зајакнат, а не да ја нарушат сигурноста на снабдувањето.“ истакна Божиновска.

Во своето обраќање таа ги претстави приоритетите на Министерството во насока на модернизација на енергетскиот сектор, забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија и создавање предвидлива и транспарентна инвестициска клима.

Божиновска истакна дека во завршна фаза е усвојувањето на законодавството усогласено со Европската Унија Пакетот за интеграција на енергетските пазари, кој потоа ќе биде предмет на верификација од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница и Европската комисија. Македонскиот оператор на организираниот пазар на електрична енергија (МЕМО) активно соработува со БСП и во рамки на поширокиот процес на поврзување на пазарите во Југоисточна Европа. Нашата цел е македонскиот пазар поефикасно да се интегрира со регионалните и европските пазари на електрична енергија, бидејќи подлабоката пазарна интеграција значи поголема ликвидност, подобри можности за управување со ризиците и поголема доверба кај инвеститорите, истакна Божиновска

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на спроведување на реформите и создавање услови за одржлива енергетска транзиција, преку соработка со домашните и меѓународните партнери, во интерес на економскиот развој и енергетската стабилност на државата.