Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски: Раст на индустријата од 7,5 отсто во април, тоа е лоша вест за оние што не сакаат државата да успее

Растот на индустријата во април е лоша вест за оние што не сакаат државата да успее, кои создаваат хистерија и паника, шират невистини и манипулираат – вели премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги статистичките податоци за индустријата. – Се консолидиравме по шокот во март кога ескалира кризата во Заливот и се продлабочи енергетската криза. Веќе во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на индустријата во април е лоша вест за оние што не сакаат државата да успее, кои создаваат хистерија и паника, шират невистини и манипулираат – вели премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги статистичките податоци за индустријата.

– Се консолидиравме по шокот во март кога ескалира кризата во Заливот и се продлабочи енергетската криза. Веќе во април индустријата бележи значителен раст, односно зголемување од 7,4 до 7,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година – изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на официјалното отворање на новата фабрика на компанијата „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени во Битола.

Една од причините зошто има раст на индустријата во април, според премиерот, е и тоа што преку унгарскиот кредит слеани се финансиски средства во домашните компании, каде што се очекува инвестициите да бидат најмалку двојно поголеми од вложените средства.