Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Перински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развој

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините. Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Перински истакнал дека Министерството преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините.

Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Перински истакнал дека Министерството преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на нивните капацитети и поефикасно извршување на надлежностите.

-Во изминатиот период преку Ресурсниот центар испорачавме повеќе важни алатки и документи наменети за градоначалниците и општинските администрации. Денеска започнуваме нова фаза на поддршка преку групна испорака на стручна помош за подготовка на плански документи за локален економски развој, согласно потребите што самите општини ги идентификуваа – истакнал Перински.

Реклама

Тој нагласил дека целта на Министерството не е само декларативно да биде партнер на општините, туку преку конкретни активности да придонесе за олеснување на нивната работа и подобрување на локалните политики.

-Локалната самоуправа е самостојна во извршувањето на своите надлежности, но преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме систем во кој знаењето, експертизата и расположливите ресурси ќе бидат ставени во функција на развојот на општините – порачал Перински.

Во рамки на оваа активност, 40 општини ќе добијат стручна поддршка од експертски тим за подготовка на плански документи за локален економски развој, со цел креирање квалитетни и применливи решенија кои ќе придонесат за поттикнување на локалниот економски раст, привлекување инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Ресурсниот центар, во рамки на Министерството за локална самоуправа, претставува механизам за обезбедување стручна, техничка и советодавна поддршка за општините, согласно нивните потреби и предизвици, се додава во соопштението.