Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Средба Мицкоски – Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места

Во периодот што следува односите меѓу нашата земја и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, напиша на социјалните мрежи претседателот на Владата Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На средбата, како што наведува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. -На средбата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот што следува односите меѓу нашата земја и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, напиша на социјалните мрежи претседателот на Владата Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На средбата, како што наведува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

-На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната – се наведува во објавата на Мицкоски. 

Премиерот посочува дека ја нагласил важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.

Реклама

-Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес. Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот. Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува – се наведува во информацијата.