Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Нови зделки, нови инвестиции, поефикасен транспорт: Турско – македонскиот бизнис форум отвора големи потенцијали

Инвестиции во туризмот, трговијата и производството се трите сектори во кои турските бизнисмени имаат интерес за инвестирање во Македонија. Во следните шест месеци се очекува влез на поголем турски капитал во државава и зголемување на над два пати на трговската размена меѓу двете земји. Ова произлезе од дводневните средби на турските и македонски бизнисмени во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиции во туризмот, трговијата и производството се трите сектори во кои турските бизнисмени имаат интерес за инвестирање во Македонија. Во следните шест месеци се очекува влез на поголем турски капитал во државава и зголемување на над два пати на трговската размена меѓу двете земји. Ова произлезе од дводневните средби на турските и македонски бизнисмени во Истанбул, организирани од страна на стопанските комори. Македонските компании беа дел од владината делегација која беше на средби со турските владини претставници. Според Аркан Керим, претставник на македонската бизнис делегација во Турција,ова е одлична можност за поблиска и поинтензивна бизнис соработка помеѓу инвеститорите од двете земји.

„Би сакал да ја поздравам оваа иницијатива која ја воведе Владата. После Будимпешта во Истанбул вакво второ собирање во кое што беше вклучена и бизнис заедницата која беше дел од официјалната посета на Премиерот на Турција. Преку 150 македонски компании беа присутни на вчерашниот форум што се одржа. Нашата размена е околу 900 милиони долари, интенцијата е да стгне до 2 милијарди долари помеѓу Македонија и турција и во наредните 5 години ако се направи добра стратегија ќе успее да стаса“, изјави Аркан Керим, стопанственик, сопственик на Генерал Турист Груп.

Воедно, воведувањето и на новата авиолинија која вчера Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја најави за поврзување на Анкара со Скопје ќе значи зголемен број на авионски летови помеѓу двете земји. Засега тој број изнесува околу четиристотини со вклучените чартер летови во рамки на турстичката сезона.

Реклама

Главниот град на Македонија ќе го поврзува со главниот град на Турција, тоа ќе биде потенцијал поголем број туристи да ја посетуваат Македонија исто така и за културни прошетки. Можат и македонските граѓани да патуваат во Анкара и Турците да ја посетат Македонија. Меѓуто со 400 летови годишно имаме одлична авио конекција со Турција“, додаде Керим.

Македонската Владина и бизнис делегација, посетата на Турција ја завршува утре. Во текот на вчерашниот ден, Премиерот Христијан Мицкоски кој ги предводи делегацииите, на бизнис форумот  ги повика турските инвеститори да бидат дел од, развојната приказна на Македонија. Мицкоски потенцираше дека  Македонија е позиционирана како стабилна и конкурентна бизнис-дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски зони и пристап до регионалните и европските пазари.

Во текот на викендов продолжуваат Б2Б средбите помеѓу македонските и турските бизнисмени.