Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Перински: Измените на Стратегијата за регионален развој се темелат на реални податоци и резултати

Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044, информираат од Министерството за локална самоуправа. Министерот Златко Перински пред Комисијата за локална самоуправа и Законодавно правната комисија, во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044, информираат од Министерството за локална самоуправа.

Министерот Златко Перински пред Комисијата за локална самоуправа и Законодавно правната комисија, во своето излагање нагласи дека целта на измените е Стратегијата да стане пооперативна, пофункционална и поефикасна алатка за постигнување на стратешките цели, преку поддршка на полицентричен развој и намалување на регионалните диспаритети.

Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, стратешките цели и приоритетите на политиката за рамномерен регионален развој, како и мерките, инструментите и финансиските механизми за нивна реализација.

Реклама

-Согласно Законот за рамномерен регионален развој, на средината од периодот на нејзиното спроведување се врши тековно оценување со цел да се согледаат постигнатите резултати, предизвиците во имплементацијата и потребата од прилагодување на предвидените мерки, се вели во соопштението.

Предложените измени и дополнувања се темелат на наодите од спроведеното тековно оценување и имаат за цел да ја зголемат применливоста и ефикасноста на Стратегијата. Во рамки на ревизијата се извршени интервенции во делот на мерките кои се покажале како тешко спроведливи, обезбедена е поголема усогласеност со идните развојни политики и воведени се нови мерки во областите каде што е утврдена потреба од дополнителни активности.

Дополнително, со измените се врши усогласување на Стратегијата со резултатите од Пописот на населението од 2021 година, со што новата демографска слика се интегрира во процесот на планирање и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој.

Измените и дополнувањата на Стратегијата се резултат на сеопфатен консултативен процес во кој беа вклучени надлежните институции и релевантните чинители што учествуваат во нејзината имплементација.