Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата

Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел-дискусијата, на која говореше заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис-асоцијација. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел-дискусијата, на која говореше заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис-асоцијација.

Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридорот 10 и кракот 10 д потенцирајќи дека на среден и долг рок овие инвестиции ќе придонесат за одржлив економски развој и регионална поврзаност – соопшти Министерството за транспорт.

Изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д, се реализираат со засилена динамика, тие ќе мултициплираат развој на регионот, ќе привлечат нови инвестиции и ќе понудат нови работни места, потенцира вицепремиерот додавајќи дека постојат конкретни рокови за нивна реализација.

Реклама

Во однос на конкуретноста на домашната економија, дополнително ќе влијае и изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, која ќе придонесе за брз и предвидлив транспорт, реални планови за развој на компаниите и позиционирање на Македонија на главата транспортна рута за централна Европа, посочи Николоски.

Вицепремиерот говореше и за регионалата соработка, која се потпира на заеднички проекти со соседните земји, кои ќе го олеснат транспортот, ќе придонесат за регионална интеграција и регионален економски развој.

– За да се реализираат овие долгорочни мерки и политики, работиме на крупни инфраструктурни проекти преку кои ќе ја постигнеме посакуваната цел, а тоа е конкуретна економија, одржливи услови за развој на компаниите, ефикасен и брз транспорт, зелени ленти на граничните премини и регионална соработка – додаде вицепремиерот Николоски пред компаниите членки на Европската бизнис-асоцијација во Македонија.