Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Најцитираните македонски универзитетски професори се од медицинските науки, техничките, но и ФИНКИ И хемија

Четириситотини цитати од научни трудови  има на годишно ниво од нашите професори надвор од нашата земја. Во текот на една година  има  покачување од 7 до 8 посто а треба да се стремиме да достигнеме барем 20 проценти за да влеземе во листата на топ 500.  Најцитирани професори се од делот на медицината, техничките науки, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириситотини цитати од научни трудови  има на годишно ниво од нашите професори надвор од нашата земја. Во текот на една година  има  покачување од 7 до 8 посто а треба да се стремиме да достигнеме барем 20 проценти за да влеземе во листата на топ 500.  Најцитирани професори се од делот на медицината, техничките науки, ФЕИТ, ФИНКИ и Хемија.

–Извонредни резултати имаме и  на дел од  универзитети кои што се дел од меѓународни асоцијации а тоа  се Југоисточна Европа и Гоце Делчев. Југоисточна Европа е вече рангиран за  најдобар во бизнис и економија. Во топ пет истражувачи на чело со проф. Велан Рамадани, додека Гоце Делчев во делот на хуманистика и уметноста, очигледно работите се менуват–истакна проф Марјан Бојаџиев-основач на АРБУ

Министерката Весна Јаневска вели дека многу е важно да ја согледаме реалната ситуација која не е добра, но затоа се работи со новиот законсо кој се очекува да се подобри академскат аедукација и да се поттикне научноистражувачката дејност во државата.

Реклама

-Како ќе се подобриме, со тоа што подготвивме нова законска регулатива и обезбедуваме доволно средства за имплементација на таа законска регулатива. Само за споредба 2022 година за наука биле одвоени околу 380 милиони , оваа година 773 значи над 770 микиони-истакна министерката за пбразование Весна Јаневска.

За високото образование пак во  2022 година  3 милијарди а оваа година 8 милијарди додаде министерката Јаневска. Се надева дека имплементацијата на новиот закон ќе оди добро бидејќи најголем број од дискусиите биле токму за  критериуми и цитираност на универзитетските професори, кои добија плакети во форма на признанија.