Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Изградба на шест автопатски делници, најавен почеток на работите и за Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани

Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – […]

Сподели:

Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола од проектот со „Бехтел и Енка“. 

Финансиите за овие проекти се дел од најавените 10 милијарди евра од страна на Владата во капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во наредните 10 години.

На автопатот Кичево – Охрид (57 километри), што се гради веќе 12 години и од кој се пуштени 34 километри, се очекува делницата од Извор до Врбјани да биде овозможена за сообраќај најдоцна до септември или октомври оваа година, а делницата од Врбјани до Ботун исто така да биде ставена во функција во согласност со предвидената динамика на градежните работи.

Реклама

– Очекуваме, според оптимистичкото сценарио, делницата од Извор до Врбјани, вклучувајќи ги и вијадуктите и тунелите, да биде пуштена во употреба до Денот на независноста – 8 Септември. Доколку има дополнителни доработки, рокот би можел да се помести до септември или октомври. Целосното пуштање во употреба на автопатот, од Кичево до излезот кај Охрид, каде што се наоѓа единствената преостаната делница која сè уште не е поврзана со автопатско решение, го очекуваме во првиот квартал од 2027 година. Потоа ќе останат уште приближно три километри, кои во моментот завршуваат кај селото Ботун. Овие три километри треба да се приклучат на делницата од Букојчани, каде што завршува проектот на „Бехтел и Енка“, до точката на поврзување со постојниот автопат. Тоа се приближно 10 километри. Договорот со заемодавачите е потпишан, средствата се обезбедени, тендерската постапка е завршена и избрана е компанија што ќе ги изведува градежните работи. Во моментот се чека конечна согласност од заемодавачите по што ќе следува период за евентуални жалби и понатамошни процедури – рече на брифинг со медиумите премиерот Христијан Мицкоски.

По раскинувањето на договорот со кинеската Ексим банка, со кој се финансира изградбата на Кичево – Охрид, државата со домашните банки обезбеди 175 милиони евра за негово завршување. Со овие средства се предвидува целосно завршување на автопатот вклучувајќи ги и споредните патишта, оградите, рабниците, сигнализацијата, како и целокупната контролна и безбедносна опрема во тунелите. 

Според Мицкоски, и со дополнителното финансирање цената за километар останува пониска од цената на делниците на Коридорот 8 и Коридорот 10 д, што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“.

За автопатската делница Букојчани – Кичево, проектирана со должина од 11,5 километри, доколку процедурите се одвиваат според планот, се очекува во септември или октомври да почнат градежните активности на терен. Проектот се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој, во вредност од речиси 220 милиони евра. Веќе е избран најповолен понудувач за изградбата и се очекува банката да даде конечен одговор по завршувањето на целата постапка. 

За изградбата на вториот дел од автопатот Блаце – Скопје, во должина од 10,5 километри, исто така избран е понудувач, има жалба, која во прв степен е одбиена, во тек е второстепена постапка, и се очекува разврска. Се очекува неделава да има повратна информација и овој месец или во почетокот на следниот да почнат работите на терен. Вкупниот буџет изнесува 215 милиони евра, исто така од ЕБРД.  

Од проектот со конзорциумот „Бехтел и Енка“, доколку работите се одвиваат според планот, се очекува првите 11,5 километри од делницата Прилеп – Битола да бидат пуштени во употреба во основно автопатско решение до септември 2027 година. Премиерот повтори дека Владата за проектот со „Бехтел и Енка“ затекнала состојба во која биле исплатени речиси 350 милиони евра авансно, а две години практично немало значителен напредок на терен.

Направени се законски измени и обезбедена е поодржлива финансиска конструкција. До крајот на годината финансиската конструкција за проектот е затворена. 

– Во консултација со менаџментот на проектот и со изведувачот предвидено е во 2027, 2028 и во 2029 година да се реализираат по речиси 250 милиони евра годишно. Тоа е приближно 15 милијарди денари годишно и, според нивните процени, претставува реален капацитет за изведба. Доколку останат помали активности по 2029 година, тие би се завршиле во текот на 2030 година. Во моментот се водат разговори за продолжување на роковите за реализација бидејќи во првите две години од потпишувањето на договорот практично немало значителен напредок иако одредени обврски биле на страната на државата – информира претседателот на Владата. 

Очекува во наредниот период да се обезбеди целосно финансирање за преостанатите три години од реализацијата на проектот наместо секоја година повторно да се обезбедуваат средства. Тоа, посочи, би биле речиси 900 милиони евра за целосно завршување на проектот. Се преземаат активности да се работи со домашните компании со цел поголем дел од средствата да остане во македонската економија. 

За трасата за Требениште – Ќафасан, единствената од пакетот автопатски делници со проектот со „Бехтел и Енка“ што не е почната, се очекува работите да станат појасни кон крајот на месецот по посетата на претставници УНЕСКО.