Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Владата пред одлука државата сама да го реализира проектот „Чебрен и Галиште“

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект „Чебрен и Галиште“ за што инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите.  – Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект „Чебрен и Галиште“ за што инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите. 

– Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ – рече премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. 

Пресметките, појасни, покажуваат дека внатрешната стапка на поврат на инвестицијата е над 10 проценти, што го прави проектот значаен од економски аспект.   

Реклама

– Но, не е само од економски аспект, цениме дека имајќи го предвид глобалното затоплување, во регионот ќе недостигаат два резервоари за пивка вода што може да се направат. Исклучително стратешки важно ни е Тиквешко Поле да се наводнува од овој проект. Тоа се приближно 60-ина илјади хектари земја – посочи Мицкоски. 

Овој предел, дополни, може да послужи и за развој на дата-центри. 

– Многу блиску сме до носење на одлуката како држава сами да го развиваме, а тоа значи изработка на физибилити-студија, која ја имаме и по принципот на јелоу-фидик да избереме фирма што ќе го гради – информира премиерот Мицкоски.