Реклама

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Економија

ММФ ја потврди стабилноста на банкарскиот систем и искажа задоволство од модернизацијата на монетарната рамка

Народната банкла информира дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја потврди стабилноста на банкарскиот систем и искажа задоволство од модернизацијата на монетарната рамка. -Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши редовната консултација со Република Северна Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банкла информира дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја потврди стабилноста на банкарскиот систем и искажа задоволство од модернизацијата на монетарната рамка.

-Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши редовната консултација со Република Северна Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Во својата оцена, директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за забавување на економскиот раст, истовремено зголемувајќи ги инфлациските притисоци, што наметнува натамошно внимателно водење на монетарната политика, наведува Народната банка.

Извршниот одбор на ММФ, додава Банката, искажа задоволство од модернизацијата на рамката за водење на монетарната политика и поддршка за натамошните активности за унапредување на управувањето со ликвидноста и за зајакнување на автономијата на централната банка.

Реклама

-Во извештајот се посочува дека девизните резерви на земјава и натаму се на соодветното ниво, што придонесува за отпорноста на економијата на надворешни шокови. ММФ оценува дека финансискиот систем и натаму е стабилен, а банкарскиот сектор е добро капитализиран и високо ликвиден. Според извештајот, стапката на адекватност на капиталот изнесува 19,4%, значително над регулаторните барања, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на историски најниското ниво од 1,9%. Ликвидноста и профитабилноста на банкарскиот систем и натаму се силни, со што дополнително се потврдува неговата отпорност. Директорите на ММФ искажаа задоволство и од преземените макропрудентни мерки и укажуваат на потребата од постојано следење на ризиците поврзани со кредитниот раст и изложеноста на банките кон пазарот на недвижности. Воедно, тие препорачуваат натамошно усогласување на регулативата со европските стандарди и зајакнување на рамката за спречување перење пари и финансирање тероризам, истакнува Народната банка.

Напоменува и дека оцените на Извршниот одбор на ММФ претставуваат потврда за стабилноста и отпорноста на домашниот финансиски систем и за унапредувањето на рамката за водење на монетарната политика, во услови на зголемена надворешна неизвесност.