Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Јовевски: Македонија е тргната од листата на МОТ, но се соочува со недостиг од над 10.000 работници и одлив на кадар

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање, но истовремено се соочува со сериозен недостиг на работна сила, повеќе од 10.000 слободни работни места […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање, но истовремено се соочува со сериозен недостиг на работна сила, повеќе од 10.000 слободни работни места и иселување на кадар кој покрај плата бара и подобар квалитет на живот, владеење на правото и поголема општествена сигурност, оцени универзитетскиот професор и советник на премиерот Лазар Јовевски во емисија на телевизија Алфа.

Говорејќи за Меѓународната конференција на трудот што се одржува во Женева, Јовевски рече дека експерти при МОТ утврдиле оти Македонија во моментов нема суштински проблеми во однос на примената на конвенциите за колективно преговарање и синдикално организирање.

– Македонија е тргната од одредена листа каде што одреден број земји имаат обврска да објаснуваат одредени состојби. Комитетот на експерти констатираше дека во Македонија нема потреба од таква дебата или дополнително објаснување, бидејќи нема нарушување на конвенциите на МОТ во делот на колективното преговарање и синдикалното организирање – вели Јовевски.

Реклама

Тој оцени дека во земјава е направен исчекор во функционирањето на Економско-социјалниот совет и во склучувањето колективни договори во јавниот сектор, што, според него, придонело за подобрување на социјалниот дијалог. Јовевски посочи и дека Македонија добила покана да биде членка на Економско-социјалниот совет на Обединетите нации за периодот 2027-2029 година, што го оцени како значајно меѓународно признание.

Во однос на состојбите на пазарот на трудот, тој нагласи дека земјата се соочува со пресврт во споредба со периодот кога имала една од највисоките стапки на невработеност во Европа. 

– Ако пред неколку години имавме недвосмислено вишок на работна сила, веќе од минатата година и оваа година сериозно имаме недостаток на работна сила. Тоа е процес што бара нови политики и поголема флексибилност од сите чинители … Суштинското прашање е како платите континуирано да растат кај сите категории работници. Во јавниот сектор тоа веќе се случува преку системот на коефициенти, а во приватниот сектор се забележува природен раст на платите поради недостигот на работна сила – рече Јовевски.

Во моментов, вели, има повеќе од 10.000 слободни работни места, а најголем недостиг на кадар се забележува во градежништвото, информатичката технологија, угостителството и туризмот, услужните дејности и здравството.

Укажа и на проблемот со сивата економија, која како што рече, според проценките на Светска банка и ММФ надминува 30 проценти. – Имаме огромен број луѓе кои се во т.н. сива зона, односно во сивата економија, а формално се водат како невработени. Ако се земе предвид структурата на невработеноста и сивата економија, реалната стапка на невработеност е значително пониска – вели Јовевски.

Осврнувајќи се на иселувањето, тој нагласи дека отворањето работни места само по себе не е доволно за враќање на луѓето од странство.

– Очигледно не е само прашањето дали има работни места. Луѓето, особено високообразованите кадри и докторите, покрај работно место и соодветна плата бараат и друг тип на квалитет на живот, атмосфера, владеење на правото и чувство на сигурност – нагласи Јовевски.

Во делот на платите, тој оцени дека фокусот не треба да биде исклучиво на минималната плата, туку на растот на платите во целата хиерархија на работни места.

Според него, во јавниот сектор веќе е воспоставен механизам за каскаден раст на платите преку коефициентите на сложеност, додека во приватниот сектор веќе се забележуваат позитивни движења поради недостигот на работна сила.

– Во 2025 година бројот на компании со просечна плата од околу 1.000 евра е зголемен за 23,5 проценти во споредба со 2024 година, што покажува дека се вложува повеќе во човечкиот капитал и во задржување на работниците – рече Јовевски.

Говорејќи за влијанието на вештачката интелигенција врз трудот, тој предупреди дека претстојат значајни промени на пазарот на трудот.

– Повеќе работни места ќе се губат отколку што ќе се создаваат нови. Затоа процесот на дигитална трансформација мора да биде човекоцентричен и насочен кон олеснување на работата, а не кон потиснување на човекот – вели Јовевски.

Тој најави дека во наредниот период се очекуваат нови законски решенија во областа на работните односи, безбедноста и здравјето при работа, мирното решавање на работните спорови и заштитата од психолошко и сексуално вознемирување на работното место, како дел од пошироките реформи во трудовата сфера.