Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Согорувањето на влажно огревно дрво неколкупати ја зголемува аерозагаденоста

       Квалитетот на воздухот во корелација со начинот на загревањето на домаќинствата, особено кога се користи 100% влажно огревно дрво, се намалува дури за 300 проценти, односно за толку индексни поени се зголемува аерозагадувањето. Притоа, и топлината која што ја дава влажното огревно дрво е за 30 насто помала. Ова се заклучоците од истражувањето направено […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Квалитетот на воздухот во корелација со начинот на загревањето на домаќинствата, особено кога се користи 100% влажно огревно дрво, се намалува дури за 300 проценти, односно за толку индексни поени се зголемува аерозагадувањето. Притоа, и топлината која што ја дава влажното огревно дрво е за 30 насто помала. Ова се заклучоците од истражувањето направено во една населба во Битола, а во рамки на Проектот „Стоп за аерозагадувањето“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“, финансиран од ЕУ, а со цел намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во битолскиот регион,

  „Ова не се мерки кои што бараат преголеми финансиски средства. Потребен е некој, според нашите согледувања, преоден од околу 2 години во кои што ќе треба да ги усогласиме сите овие работи, да ги подготвиме шумските претпријатија да можат да ги покријат складиштата, да исечат поголема дрвна маса која што ќе можат да ја складираат и после тоа да почне дистрибуцијата со суво огревно дрво“, – изјави Мите Ристов, претседател на „Геосфера“ од Битола.

   „Фактички ни се потврдија и стручните експертизи дека над 35% од загадувањето на ПМ-10 честичките е како последица од согорувањето на огревното дрво. А самото пак, согорување на огревното дрво, зависи од многу фактори, дали е истото влажно, дали е исправно грејното тело и димоводниот канал, како и местото каде се наоѓа самиот објект“, – посочува Костадин Поповски, магистер по заштита и спасување.

Реклама

   Идеата е преку овој проект да се иницираат нови законски измени со кои би се регулирала оваа сфера која сега не е регулирана, па шумските претпријатија без проблем си дистрибуираат влажно огревно дрво. Воспоставувањето на еден ваков законски ред, според правниците, воопшто не е невозможна мисија за земјава, а ниту би не чинела скапо.

  „Значи, мора да се направи измена, да се употребата и новите алатки, да се видат модерните светски текови затоа што и преку електронски систем може да се следи, може лесно да се констатира состојбата на влажноста на дрвото, бидејќи има водометри, тоа може да се набави, инспекторите да се обучат како да ги мерат и при самата сеча и со самата продажба  треба да се прави контрола на влажноста на дрвото“, – објаснува Вања Атанасов, правник и адвокат.

  На оваа тема во Битола се одржа и Јавен форум на кој се отвори суштинска дискусија за измените на законската регулатива за дистрибуција на огревното дрво. На Форумот учествуваа и пратеници од Републичкото собрание, и претставници од општината и од невладиниот сектор.