Реклама
Економија

Се реконструира мостот на река Брегалница, кој е дел од штипскиот булевар „Гоце Делчев“

Почна реконструкцијата на мостотот на реката Брегалница, кај Градскиот базен и зградата на ЈП „Македонијапат“  во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека овој мост е еден од најоптеретени од сообраќај во градот Штип, бидејќи е дел од булеварот „Гоце Делчев“.Анализите кои се направени од страна на надлежните институции покажуваат […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна реконструкцијата на мостотот на реката Брегалница, кај Градскиот базен и зградата на ЈП „Македонијапат“  во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека овој мост е еден од најоптеретени од сообраќај во градот Штип, бидејќи е дел од булеварот „Гоце Делчев“.Анализите кои се направени од страна на надлежните институции покажуваат дека има потреба од негова реконструкција. Во градежните активности ќе бидат опфатени подобрувањето на статиката на мостот и третирање на горниот дел од мостот. 

-Во наредните месеци ќе се работи на комплетна санација на долниот дел на мостот, со подобрување на статиката, а веднаш потоа и третирање на горните слоеви-тротоарските површини, асфалтната маса и оградата. Ова е инвестиција на Јавното претпријатие за државни патишта во вредност од 30 милиони денари. Очекувам во наредните месеци да се завршат активностите поврзани со овој мост. Она кое што сакам да го најавам како локална сампоуправа направивме и се уште правиме темелно испитување на сите мостови на територија на Општина Штип-изјави Јорданов. 

Тој посочи дека врз основа на испитувањето од ИЗИС ќе се планираат и градежните активности на останатите мостови на територија на Штип. Јорданов најави дека веднаш по санацијата на овој мост ќе почне и санацијата на Камениот мост на реката Брегалница. 

Реклама

-Овде имаме различни одобренија, конзерваторски. Затоа што овој мост е заштитен под Заводот за заштита на културното наследство. Постапката е малку поразлична, но верувам дека овде активностите и динамиката на завршување на оние предвидени активности ќе бидат спроведени во најкраток можен рок-рече Јорданов. 

Тој на денешната прес-конференција најави дека на реката Брегалница е предвидена изградба на уште два мостови, од кои едниот кој е дел од новата обиколница кај бањата Кежовица ќе се поставува од наредниот месец. Вториот мост на реката Брегалница е меѓу населбите Балканска и Баби. 

-Задоволен сум што на територија на општина Штип ќе се работи како никогаш досега, ќе се реконструираат три постоечки мостови, а ќе се изградат дополнителни два моста на река Брегалница, што никогаш претходно не се случило на територија на општина Штип-изјави Јорданов. 

Штипскиот градоначалник апелираше на трпеливост додека се изведуваат градежните работи на овој мост на реката Брегалница, а сообраќајната сигнализација ќе ги насочува возачите, каде да се движат.