Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа, бележат рекордни 31 отсто раст во патничкиот сообраќај за првите 5 месеци

Меѓународниот совет на аеродромите – Европа (ACI Europe) ја објави анализата на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се рангирани како најбрзорастечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ. Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот совет на аеродромите – Европа (ACI Europe) ја објави анализата на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се рангирани како најбрзорастечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ. Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6 %), првпат по закрепнувањето од ковидот, помал број пазари, како што се Северна Македонија (+30,6 %), Албанија (+25,3 %) и Молдавија (+24,6 %), кои припаѓаат на географска Европа, но се земји надвор од ЕУ, продолжуваат да бележат импресивни зголемувања.

Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, управувани од „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“, членка на Групацијата АДП, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2 % повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милион патници (1.580.932), а бројот на летови порасна за 9,5 %, со вкупно 10.595 опслужени летови.

Истовремено, со анализата на статистиката на „ТАВ Македонија“ за првите 5 месеци: 

Реклама

– Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај во првите 5 месеци (+31,2 %), во април (+30,6 %), ги позиционира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките авијациски пазари во Европа и како топ-перформери од западниот дел на земјите надвор од ЕУ. По аеродромите во Скопје и Охрид, се оние во Албанија и Молдавија, исто така со двоцифрен пораст, но под 30 %. Ова е силна потврда дека нашите аеродроми успешно реагираат на зголемената побарувачка за воздушен сообраќај и дека земјата станува сè попривлечна и достапна дестинација. Ова достигнување е резултат на континуирани инвестиции во аеродромската инфраструктура, подобрувања на услугите, маркетинг-активности, успешна соработка со авиокомпаниите и поддршката од Владата. Особено сме задоволни што во време кога многу европски пазари доживуваат стагнација или пад на патничкиот сообраќај, Македонија е позиционирана меѓу европските лидери според порастот на бројот на патници – рече Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Според Оливие Јанковец, генерален директор на ACI Europe, април 2026 година претставува јасна пресвртница за европскиот воздушен сообраќај.

– Иако веќе забележувавме нормализација на растот на патничкиот сообраќај по силното постпандемиско закрепнување, геополитичката нестабилност – особено конфликтите на Блискиот Исток – сега дополнително го забавува растот и открива значителни разлики во перформансите на разните пазари. Охрабрувачка вест е дека побарувачката останува генерално силна, приспособувањата на капацитетот на авиокомпаниите остануваат ограничени, а загриженоста за потенцијален недостиг на гориво за авиони е намалена – истакна Јанковец.

Според анализата на воздушниот сообраќај на ACI Europe од април 2026 година, меѓу најголемите пазари на ЕУ, аеродромите во Шпанија (+3,7 %) и Италија (+2,2 %) ги постигнаа најдобрите резултати, а оние во Германија (-8,5 %), Велика Британија (-2,1 %) и Франција (-0,9 %) забележаа намалување на обемот на патници.

Најдобрите перформанси во ЕУ+ (група што  ги опфаќа земјите од Европската Унија, Европската економска област (ЕЕО), Швајцарија и Обединетото Кралство) ги имаат аеродромите во Словачка (+125,2 %), Словенија (+14,6 %), Естонија (+12,1 %), Малта (+13,5 %) и Полска (+8,3 %).

Заклучокот на ACI Europe е дека – додека средните и малите аеродроми ги надминаа очекувањата, шпанските и холандските центри останаа најотпорни на глобалната геополитичка нестабилност.

Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај, од почетокот на 2026 година ја покажува позитивната насока во развојот на македонските аеродроми, со што се зајакнува позицијата на земјата на европската воздухопловна мапа.