Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Економија

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тримесечје

Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.  Според статистичките податоци, градежниот сектор во првиот квартал годинава бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Според статистичките податоци, градежниот сектор во првиот квартал годинава бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки, истакнува министерот, претставуваат силен показател за континуираната градежна активност во целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции, кои се од клучно значење за економскиот развој.

Според Николоски, особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени.

Реклама

– Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност. Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти – вели Николоски во пишана изјава. 

Како што информира, автопатиштата на коридорите 8 и 10 д се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата.

Вицепремиерот Николоски во однос на  стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава, која изнесува 3,1 проценти, наведува дека тој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, инвестициите даваат резултати и развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството.

– Резултатите што ги објави ДЗС се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно ги поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата – изјави Николоски.