Во Министерството за образование и наука денеска ќе бидат потпишани договори за 14 заеднички научноистражувачки проекти на Македонија и Австрија во области со развоен потенцијал.
Проектите, како што информираат од МОН, се дефинирани во стратегијата за паметна специјализација на државата.
На потпишувањето на договорите најавено е обраќање на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
