Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Комисиска расправа за предлог-законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комитетот за односи меѓу заедниците и комисиите за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет. За расправа пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-законот за високи раководители, во прво читање, и предлог-законот за соодветна и правична […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комитетот за односи меѓу заедниците и комисиите за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет.

За расправа пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-законот за високи раководители, во прво читање, и предлог-законот за соодветна и правична застапеност, исто така во прво читање. 

Комитетот за односи меѓу заедниците ќе одлучува за спроведување на постапката на гласање при донесување на предлог-законот за соодветна и правична застапеност. 

Реклама

Најавени се две седници на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а на првата ќе се одржи јавна расправа за утврдување предлог-листа од пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа комисија на одвоена седница треба да утврди и предлог-одлука за изменување на одлуката за избор на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за следење соодветна и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници, како и предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември” и предлог-листа за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе расправа за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадената вредност, во прво читање.