Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Економија

Меџити од Брисел: Локалната самоуправа има клучна улога на европскиот пат на државата

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC), која се одржува во Брисел при Европскиот комитет на регионите, каде присуствуваат претставници на локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство. За време на седницата, како што информираат од Општина Чаир, се дискутира […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC), која се одржува во Брисел при Европскиот комитет на регионите, каде присуствуваат претставници на локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство.

За време на седницата, како што информираат од Општина Чаир, се дискутира за процесот на европска интеграција, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу единиците на локалната самоуправа, со посебен фокус на улогата на општините во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди.

– Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на нашата држава. Во овој процес, локалната самоуправа има незаменлива улога како алка што ги поврзува реформите со конкретните потреби на граѓаните и ги доближува европските стандарди до локално ниво – изјави Меџити.

Реклама

Во рамки на средбите и дискусиите, се вели во соопштението, посебно внимание се посветува на патот кон членство во Европската Унија, продолжувањето на реформите и зајакнувањето на улогата на локалната самоуправа во исполнувањето на европската агенда на државата.