Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Муртезани и Гелева пред пратениците ги претставија новите ангажмани во НАТО и во Советот на Европа

Новиот амбасадор на Македонија во НАТО Орхан Муртезани, како и амбасадорката при Советот на Европа во Стразбур Светлана Гелева, која добива втор мандат, денеска ги претставија своите тези пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија.  Муртезани истакна дека во врска со неговиот ангажман како иден амбасадор во НАТО ќе се залага […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот амбасадор на Македонија во НАТО Орхан Муртезани, како и амбасадорката при Советот на Европа во Стразбур Светлана Гелева, која добива втор мандат, денеска ги претставија своите тези пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија. 

Муртезани истакна дека во врска со неговиот ангажман како иден амбасадор во НАТО ќе се залага за брзо комплетирање на тимот во постојната делегација, за избалансиран пристап односно различните пристапи на ЕУ и НАТО односно САД со одредени безбедносни прашања да не влијаат на нашите објективи на надворешна политика. Тој, како што кажа, ќе се ангажира за зголемување на капацитетите во воената индустрија, за соработка со земјите од Западен Балкан, за интегрирање со системите во НАТО, а наши капацитети да се нудат за центри на НАТО.     

– Остануваме посветени во исполнување на новиот план за инвестирање во одбрана и обврските да одделиме 5 проценти од БДП до 2035 година односно 3, 5 проценти за основни одбранбени услуги и 2,5 за безбедност. Западен Балкан се соочува со многу големи безбедносни предизвици, сајбер и хибридни закани, различни информации и дезинформации, енергетска несигурност и навлегување во политичките процеси за реализирање на трети интереси за проблеми во интегрирањето во ЕУ и НАТО – рече Муртезани.  

Реклама

Светлана Гелева добива нов амбасадорски манадат при Советот на Европа во Стразбур, а пред членовите на Комисијата за надворешни работи и надворешна политика денеска истакна дека претстои еден многу важен период за нашата држава бидејќи ние ќе претседаваме со Комитетот на министри, кое е главно тело за носење одлуки во рамките на Советот на Европа.

Во своите тези Гелевска се осврна на кризите во мултилатерализмот и меѓународните организации, а нагласи и дека искуството што го стекнала во изминатиот период во работата во Стразбур и тамошните тела ќе и помогне за извршувањето на претседавањето со Комитетот на министри при Советот на Европа. Активна улога во тоа ќе има и Парламентот и нашата многу активна парламентарна делегација на која рече дека е многу горда. 

Во рамките на сите тела во Советот на Европа главна тема, како што нагласи таа, е Украина, но и изработката на „Новиот демократски пат на Европа“ на генералниот секретар на СЕ, кој неодамна беше во посета на земјава. 

Во изминатата година една од најважните работи во Советот за Европа за нас е затворањето на Постмониторинг процесот.