Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Законот за игри на среќа е прифатен во прво читање

Законот за игри на среќа за прв пат влегува во собраниска процеура со прво  читање на Комисијата за финансирање и буџет.Според заменик министерот за финансии НиколчеЈанкуловски, конечно имаме сеопфатно, попрецизно и посистематизирано уредување на условите за игрите на среќа и забавните игри, но и механизмите за надзор и контрола на нивното работење. Сето ова во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за игри на среќа за прв пат влегува во собраниска процеура со прво  читање на Комисијата за финансирање и буџет.Според заменик министерот за финансии НиколчеЈанкуловски, конечно имаме сеопфатно, попрецизно и посистематизирано уредување на условите за игрите на среќа и забавните игри, но и механизмите за надзор и контрола на нивното работење. Сето ова во полза на заштита на граѓаните, особено на младите и ранливите категории.

-Предложените законски решенија се резултат на детална анализа на состојбите во областа на игрите на среќа, следење на современите регулаторни трендови и потребата од воспоставување на поефикасен и поодржлив систем на регулирање на оваа дејност.Со новиот закон се забрануваат секакви начини на рекламирање, меѓу кои и на надворешниот дел на излозите на деловните простории. Кај приредувачите на посебни или електронски игри се дозволува само една реклама воголемина од 100 на 30 сантиметри–истакна НиколчеЈанкуловски,-заменик министер за финансии

За пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ недоволна била одалеченоста на коцкарниците од 500 метри од образовните институции, оти ќе биле во близина на децата и адолесцентите.

Реклама

Сметам дека ограничивањето на финансирањето за оваа органзација и ограничувањето и вадењето на други организации од листата на финансирање сметам дека и те како може да го наруши делувањето или поддршката на ранливите катергории кои што претходно биле поддржани со средствата од овој закон и игрите на среќа-истакна Фатмир Битиќи-пратеник

 Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО – ДПМНЕ потсети дека во претходното предлог законско решение, што ги направи минатата власт одалеченоста била далеку помала, па малку е чудно што сега истите реагираат за сегашниот предлог текст. Тогаш беше прво 200 метри оддалеченост од училиштата, па 300 , па дури на крај 500 метри, па СДСМ и ДУИ му ставија и европско знаменце. Стојаноски потсети и дека тогашниот претседател Стево Пендаровски, не го потпиша, под притисок на јавноста.

-Истите тие што сега кажуваат што не е направено и што требало да се направи замислете гласале за тие закони. Сега јас тука се прашувам за која вистина ние зборуваме? Во ред е да има одредени забелешки но треба да ги погледнеме фактите, има нешто што се вика кредибилитет, има нешто што се вика образ и достоинство. Ако ние тоа го немаме и ако сметаме дека така треба да го практицираме политиката резултатите се овие кои што ќе ги имаме сега–истакна Бојан Стојаноски-пратеник ВМРО ДПМНЕ

Во обложувалниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување на електронски видео-лотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа, како ниту и реклами.