Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Чучуљ: Не се прави јасна разлика меѓу законското лобирање и недозволеното влијание

Доколку е законски регулирано и транспарентно, тогаш лобирањето е дел од процесите на демократијата и како такво може непречено да се одвива, но потребно е сите инволвирани страни да бидат правилно информирани. Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, денеска ги презентираше резултатите од медиумската кампања за подигнувањето на јавната свест за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку е законски регулирано и транспарентно, тогаш лобирањето е дел од процесите на демократијата и како такво може непречено да се одвива, но потребно е сите инволвирани страни да бидат правилно информирани.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, денеска ги презентираше резултатите од медиумската кампања за подигнувањето на јавната свест за лобирањето, кое и по 3 години од донесувањето на законската регулатива останува во доменот на сивата зона.

– Овие резултати покажуваат дека регулираното лобирање и транспарентноста имаат одек кај јавноста. Комбинацијата од голем досег, повторливо прикажување на пораките и висока вклученост ни овозможи ефективно да ја претставиме темата пред граѓаните, да ја подигнеме свеста за важноста на транспарентното лобирање и да го поттикнеме интересот на јавноста за тековниот реформски процес. Генерално, дигиталната кампања обезбеди цврсти темели за идните напори насочени кон промовирање на транспарентноста, отчетноста и јавното разбирање на регулираното лобирање во Република Северна Македонија – вели Чучуљ.

Реклама

Претседателот на ДКСК посочи дека досега во Македонија е регистрирано едно лице за обавувањето на дејноста лобирање, а за да оваа дејност стане практично применлива потребно ќе биде и дополнително усогласување на законската регулатива.

– Целта и на овој закон, како и на нашите европски партнери кои го промовираат, е влијанието што се врши врз носителите на јавни одлуки да биде евидентирано и транспарентно. Токму тоа е суштината на лобирањето. Дополнително, покрај фактот што веќе имаме прв регистриран индивидуален лобист, веруваме дека постојат многу повеќе лица кои вршат лобирање, но не се регистрирани и нивните податоци не се јавно достапни – додаде тој.

Кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава, е во соработка со ИПА Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Срѓан Ивановиќ