Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Промовирано ново институционално лого на Јавното обвинителство

Јавното обвинителство на Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство. Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации. Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја.Темно сината […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство на Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство.

Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации.

Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја.
Темно сината ја симболизира довербата, професионалноста и институционалната стабилност, додека златната боја упатува на достоинство, авторитет и вредностите врз кои се темели правдата.

Реклама

Создавањето на новото лого не беше замислено како воведување само на нов графички симбол.
Целта беше во еден единствен визуелен знак да се претстави целата обвинителска организација, нејзината структура, поврзаност и заедничка мисија во заштитата на законитоста и јавниот интерес.

Во самиот центар се издига мечот, што симболично го претставува Јавното обвинителство на Македонија како носечки столб на обвинителската организација и гарант на нејзиното единствено и координирано функционирање.

Поставен е исправено и насочен нагоре како будност, одлучност и постојана подготвеност за заштита на законитоста, јавниот интерес и владеењето на правото.

Од двете страни на мечот се наоѓаат тасовите на вагата која е универзален симбол на правдата, непристрасноста и еднаквата примена на законот. Таа ја претставува заедничката цел кон која е насочена работата на севкупната обвинителска организација.

Врвките што ги држат тасовите на вагата симболично ги претставуваат вишите јавни обвинителства и нивната улога како важна алка што ги поврзува различните нивоа на обвинителскиот систем и придонесува за неговата стабилност и функционалност.

Околу нив се распоредени 23 ѕвезди што ја претставуваат мрежата на основните јавни обвинителства низ државата. Тие се темелот на системот и местото каде што граѓаните најчесто се среќаваат со работата на обвинителството.

Во централна позиција е поставена ѕвездата што симболично го претставува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Нејзината големина е идентична со останатите ѕвезди, што ја нагласува еднаквата важност на сите основни јавни обвинителства во системот, додека нејзината централна поставеност ја одразува специфичната надлежност на ова обвинителство, која се протега на целата територија на државата.

На овој начин, сите нивоа на обвинителската организација се обединети во еден единствен знак, кој во целина наликува на европските симболи и го одразува европскиот дух и аспирациите на институцијата да ги достигне европските стандарди на владеење на правото.

Логото беше промовирано денеска во Скопје на конференцијата „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“, организирана во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.