Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Мицкоски: Нашата позиција е јасна, бараме принципи и кредибилен и предвидлив процес

Нашата позиција е јасна – остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата позиција е јасна – остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. 

– Во изминатиот период работиме посветено на реформската агенда, на јакнење на институциите, на стабилизирање на економијата, на привлекување на инвестиции, на подобрување на јавните услуги и на создавање на систем што ќе биде поефикасен, поправеден и поблиску до граѓаните – рече Мицкоски.

Нашата позиција е јасна - остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и но

Но исто така, додаде премиерот, денес отворено разговаравме и за реалноста што ја чувствуваат многу наши граѓани.

Реклама

– После години чекање, компромиси, очекувања, исполнети барања и чести промени на политичкиот контекст, природно е во одредена смисла да чувствуваат поголема неизвесност, а од друга страна потребна е поголема извесност. Токму затоа, денес е потребно лидерство, јасност и доверба – рече Мицкоски. 

Премиерот потенцира дека Европа била најсилна тогаш кога покажувала визија, политичка храброст и доследност кон сопствените вредности. Кога била простор на можности, правда и предвидливост. – Разговаравме и за економската интеграција, инфраструктурното поврзување, енергетската сигурност, инвестициите, конкурентноста и за отворање нови перспективи за младите генерации. Затоа што европската интеграција не е апстрактна политичка тема. Таа за граѓаните значи поквалитетно образование, подобро здравство, ефикасни институции, сигурни работни места, повисок животен стандард и чувство дека иднината може да се гради дома, а не надвор – рече премиерот Мицкоски. 

На Кошта му рече дека верува во партнерски дијалог, во искрен разговор, меѓусебна почит и заемно разбирање.

– Но, верувам и дека достоинството, идентитетот и принципиелноста не треба да се пречка за европската перспектива-тие се нејзин составен дел – рече Мицкоски.

Кошта на прес-конференцијата повтори дека земјата мора да ги направи уставните измени пред да ги почне преговорите и дека таа обврска е веќе превземена. 

Премиерот Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, денеска престојува во Скопје.

Кошта пристигна во Скопје од Тирана, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни. 

Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците во врска со проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.