Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Вистината ве боли, денес родот завршува на пазар, не на буниште

Лудилото на СДСМ нема крај, немаат чувство за реалност. Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото јаболката денес не пливаат по Преспанското езеро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Соберете храброст […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лудилото на СДСМ нема крај, немаат чувство за реалност. Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото јаболката денес не пливаат по Преспанското езеро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Соберете храброст и признајте дека денес откупот се одвива непречено, нема фрлен род на буништа, што беше во минатото ваше секојдневие.

Само оваа година над 35 милиони евра ќе влезат во Македонија од откупот на млада зелка. Тоа е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи. Нема зелка што се тркала по улици, симбол на вашата неспособност.

Реклама

Наместо да држите прес конференции колку да пополните агенда и да ширите паника, признајте дека земјоделството денес е одржливо, за разлика од хаосот што го оставивте.

А, што се однесува до вашите „скандали“ со млечните производи, што е уште една евтина ваша манипулација, денес, Агенцијата за храна и ветеринарство функционира и контролира, за разлика од вашето време, кога не се знаеше каде завршува храната со откриени пестициди.

Вашиот проблем е што реалноста не ви одговара.