Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Меџити: Швајцарија останува важен партнер на европскиот пат на државата

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер, на која се разговараше за актуелните политички случувања, реформските процеси и европската перспектива на државата, се посочува во соопштението од Општината. За време на средбата, Меџити изрази благодарност за континуираната поддршка што Швајцарската Конфедерација ѝ ја дава на Македонија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер, на која се разговараше за актуелните политички случувања, реформските процеси и европската перспектива на државата, се посочува во соопштението од Општината.

За време на средбата, Меџити изрази благодарност за континуираната поддршка што Швајцарската Конфедерација ѝ ја дава на Македонија во области од особено значење за демократскиот, институционалниот и економскиот развој.

„Швајцарија била и останува важен партнер на нашата држава. Нејзината континуирана поддршка за реформските процеси, демократскиот развој и европската интеграција претставува значаен придонес за иднината на државата“, изјави Меџити.

Реклама

Соговорниците ги оценија одличните односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја важноста на соработката и стратешкото партнерство во насока на унапредување на реформите и европската перспектива на Македонија.