Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Артим Ислами и Феузи Џафери предложени за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието

Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на конкурсот биле пријавени 10 кандидати, од кои при проверката членовите на Комисијата за селекција утврдила дека тројца кандидати не ги исполнуваат условите за член на Судскиот совет, а со седумте кандидати кои ги исполнувале условите се спроведе јавна расправа за нивно претставување.

– Претседателот на Собранието на 22 април 2026 година распишал оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира Собранието и кој бил објавен на 23 април 2026 година. Рокот за пријавување на кандидатите за огласот траел 15 дена од денот на објавување во Службен весник. Комисијата за прашања на изборите и  именувањата во рок од 10 дена од објавување на огласот формираше работна група за прелиминарна селекција на кандидати за членови на Советот. Работната група беше формирана во состав од Дитурије Елези Незири, претставник од Здружение на судии, Флора Илкоска, претставник од Адвокатската комора, Јелена Кадриќ, претставник на Здружението односно Фондацијата назначена од Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа на правосудството, владеење на право и човекови права и пратениците во Собранието, Александар Велјановски и Сања Лукаревска – рече Сајкоски.

Реклама

Комисијата спроведе јавна расправа за претставување и со кандидатите кои ги исполнуваа условите: Шпреса Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, Елвир Исеини, дипломиран правник со положен правосуден испит од тетовското село Боговиње, Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Равен, Фадил Џелили, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чегране и Фатмир Емрулау, дипломиран правник со положен правосуден испит од Кичево.

Пратеникот на ВРЕДИ, Беким Ќоку ги предложи двајцата кандидати. Потенцира дека Артим Ислами има голема професионална подготвеност и искуство во правото и кој работи повеќе од две децении како адвокат. За Феузи Џафери, Ќоку нагласи дека кандидатот има големо искуство во правото, бил ангажиран како адвокат и кој работел како шеф на кабинет кај министер за образование и наука. 

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска побара Ќоку да ги потсети членовите на Комисијата кои биле неговите предлози минатиот пат кога се избираше член за Судскиот совет. На ова, Ќоку првин одговори дека не може да се сети како се викале кандидатите и посочи дека во тој момент мислеле дека се позначајни кандидати но резултирало дека тие кандидати според излезените подоцнежни податоци не се подобрите за оваа функција. Ќоку нагласи дека таа имала сомнеж минатиот пат дека власта предлага членови кои се партиски активисти. Потенцира дека ниту првиот, а ниту вториот пат предложените кандидати за оваа функција не биле партиски активисти.

Тој истакна дека оваа власт прави се за да не го обои правниот систем како што во минатото тоа го правела претходната власт. 

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Ријад Шаќири рече дека со самиот факт што едниот предложен член бил шеф на кабинет на некој министер тоа подразбира дека е дел од политиката.

Испразнетото место доаѓа по истекот на вториот мандат лани во декември на членот на Судски совет, Селим Адеми. Ова место е резервирано за припадниците на заедниците кои се над 20 проценти. Критериумите во огласот беа кандидатите да бидат од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставниот суд, на меѓународни судови и други истакнати правници. За оваа функција не можат да се кандидираат актуелни судии или обвинители, но и лица што се разрешени од функциите.