Реклама
Македонија

„Ден на спортот“ во Кавадарци

„Ден на спортот“ се реализираше во Кавадарци, во рамките на Плазма спортските игри за млади. Околу илјада деца учествуваа во настаните, од кој се испрати порака, дека нашата држава има златна спортска иднина. На настанот беше кажано дека поттикнувањето на спортскиот начин на живот, инклузијата, толеранцијата и другарството меѓу децата и младите е главната мисија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ден на спортот“ се реализираше во Кавадарци, во рамките на Плазма спортските игри за млади. Околу илјада деца учествуваа во настаните, од кој се испрати порака, дека нашата држава има златна спортска иднина.

На настанот беше кажано дека поттикнувањето на спортскиот начин на живот, инклузијата, толеранцијата и другарството меѓу децата и младите е главната мисија на овој најголем спортско-аматерски настан во Европа, што овозможува бесплатен спорт за сите деца, создавајќи еднакви можности и простор за развој на младите таленти.

Пред присутните се обратија претседателката на Плазма спортските игри за млади во нашата држава, Елена Мицковска, градоначалничката на Неготино, Марија Нацева и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој свечено ги прогласи игрите за отворени.

Реклама

Претседателката на Плазма спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, ги поздрави сите дечиња, потенцирајќи го значењето на Игрите, чија примарна цел е бесплатен спорт за секое дете.

– Навистина се радувам бидејќи спортот обединува, спортот нè прави подобри луѓе. Тука од Кавадарци испраќаме силна порака дека Македонија има добра иднина. Голема благодарност до Општина Кавадарци и до моите драги колеги и колешки од Општинскиот сојуз, кои во изминатиот период безрезервно работеа за уште еден успешно организиран настан. Кавадарци покажа дека е одличен домаќин, покажа дека вложува во спортот. Кавадарци е град од кој потекнуваат врвни спортисти. За мене овој град буди посебни емоции, бидејќи моите почетоци во кошарката ги започнав токму тука и изградив многу пријателства – рече Мицковска.

Таа им порача на младите дека имаат еднаква шанса да учествуваат, да се натпреваруваат и да другаруваат.

– Најважно е преку спортот да градиме вистински вредности, фер-плеј игра и толеранција – подвлече Мицковска.

На големиот настан беше присутна и градоначалничката на Неготино, Нацева, која на сите натпреварувачи им посака успех.

Нацева ја истакна соработката што ја имаат со Министерството за спорт и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, особено со претседателката Елена Мицковска.

Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев ја истакна важноста на спортот и вредностите што се градат преку него.

– Имам голема чест и задоволство што заедно со Општина Кавадарци, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и нашите партнери, имаме можност и во Кавадарци да играме во духот на спортскиот натпревар, заедницата и дружењето – рече градоначалникот.

„Денот на спортот“ имаше отворање во Скопје, а потоа се одржа во Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и денеска во Кавадарци. Караванот продолжува утре во Прилеп.

Најдобрите ќе бидат дел од големото завршно финале во Сплит.