Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во Берово се одржа училишниот форум „Зелено и енергетски ефикасно училиште“

Во Општинското основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово се одржа училишниот форум „Зелено и енергетски ефикасно училиште“, во рамки на регионалниот проект „Зелена генерација“, имплементиран од Националниот младински совет на Македонија со поддршка на Фондацијата Отворено општество. Форумот имаше за цел да вклучи што поголем број учесници кои сакаат активно да придонесат во создавање […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општинското основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово се одржа училишниот форум „Зелено и енергетски ефикасно училиште“, во рамки на регионалниот проект „Зелена генерација“, имплементиран од Националниот младински совет на Македонија со поддршка на Фондацијата Отворено општество.

Форумот имаше за цел да вклучи што поголем број учесници кои сакаат активно да придонесат во создавање поодржлива иднина, преку предлагање и реализација на иницијативи за справување со климатските предизвици.

-Во текот на дискусијата беа изнесени повеќе конструктивни идеи, меѓу кои поставување сензорни славини за заштеда на вода, реконструкција на дел од кровот, поставување канти за селекција на отпад, изработка на проект за фотоволтаичен систем, изградба на бушотина за вода, уредување урбана градина, како и воведување систем за собирање дождовница и соларен систем за топла вода, информираа од училиштето.

Реклама

Според заклучоците од форумот, најголема поддршка од учесниците доби идејата за поставување сензорни славини, како практично и одржливо решение за рационално користење на водните ресурси во училиштето.

Настанот помина во позитивна атмосфера, со активна вклученост на учениците и наставниците, кои ја истакнаа заедничката заложба за создавање поеколошко, енергетски ефикасно и одржливо училиште.