Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден се одржа свечена приредба по повод испраќање на генерацијата дечиња кои од септември ќе ги започнат своите први училишни денови. Преку богата музичко-сценска програма, исполнета со песна и танц, дечињата ги претставија знаењата и вештините стекнати во градинката, испраќајќи порака на благодарност до своите воспитувачки и негувателки за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден се одржа свечена приредба по повод испраќање на генерацијата дечиња кои од септември ќе ги започнат своите први училишни денови.

Преку богата музичко-сценска програма, исполнета со песна и танц, дечињата ги претставија знаењата и вештините стекнати во градинката, испраќајќи порака на благодарност до своите воспитувачки и негувателки за посветеноста, грижата и љубовта што им ја пружаа во изминатите години.

На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој им го честиташе успешно завршениот престој во градинката на идните првачиња и им посака многу успех, нови пријателства и одлични резултати во образовниот процес. Воедно, тој изрази благодарност до воспитно-згрижувачкиот кадар и сите вработени во установата за нивната професионалност и посветеност во воспитувањето и образованието на најмладите жители на општината.

Реклама

Свечената приредба се одвиваше во весела и емотивна атмосфера, збогатена со креативна сценографија и шарени костими претставувајќи ги различните култури низ целиот свет, а бројната публика со голем аплауз ги награди настапите на дечињата.