Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Лафчиски во Солун на конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји

„Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“ е темата на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји, на која од денеска до 5 јуни во Солун ќе учествува началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Конференцијата, како што информираат од Армијата, ја организираат Вооружените сили на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“ е темата на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји, на која од денеска до 5 јуни во Солун ќе учествува началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Конференцијата, како што информираат од Армијата, ја организираат Вооружените сили на Република Грција, ги обединува началниците на Генералштабовите од балканските држави, кои ќе дискутираат за предизвиците во цивилната заштита, отпорноста на општествата, примената на нови технологии и иновации, како и за механизмите за регионална соработка при справување со кризи и вонредни состојби.

Во рамки на престојот во Солун, на 5 јуни е предвидена и работна средба на генералот Лафчиски со командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција, на која ќе се разговара за актуелни безбедносни прашања и можностите за понатамошно унапредување на соработката.

Реклама

Учеството на началникот на Генералштабот на Армијата на оваа конференција се оценува како потврда за активната улога на државата во регионалните безбедносни иницијативи и нејзината посветеност кон зајакнување на стабилноста, соработката и меѓусебната доверба во регионот.