Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Општина Центар најавува концерт со млади бендови и рок-класици в недела во Паркот на франкофонијата

Општина Центар информира дека на 7 јуни, со почеток во 20 часот, на отворената сцена во Паркот на франкофонијата ќе се одржи концертот We Will Rock You во рамките на програмата за култура на Општина Центар за 2026 година. Станува збор за уникатен музички настан со 120 минути програма и изведба на 29 композиции на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар информира дека на 7 јуни, со почеток во 20 часот, на отворената сцена во Паркот на франкофонијата ќе се одржи концертот We Will Rock You во рамките на програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

Станува збор за уникатен музички настан со 120 минути програма и изведба на 29 композиции на најпознатите светски рок-класици.

Како што најавуваат од Општина Центар, секој хит ќе биде интерпретиран од друг ученички бенд, со нова енергија, нови гласови и сценски настапи што  носат младешка сила и автентичен музички израз.

Реклама

– Сакаме да ја заживееме рок-културата во градот, да им дадеме простор на младите музичари да покажат што знаат, да го развиваат својот талент и да градат самодоверба на сцена. Верувам дека настанот ќе има одличен одѕив не само кај помладата публика туку и кај повозрасните генерации бидејќи станува збор за вистинска рок-лектира што сите ја препознаваат – порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Концертот е во организација на музичкото училиште „Ентерпрајз“, првото и најголемо рок-училиште во Македонија, под водство на Валентино Скендеровски. Училиштето повеќе од две децении работи на развој на млади музички таленти и сценска култура. Концертот е бесплатен и отворен за сите посетители.