Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски за најавениот закон за борба против корупција на СДСМ: Станува збор за истите луѓе што со измените на КЗ овозможија застарување дела

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во врска со најавите на СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за нов закон за борба против корупцијата, со кој, како што посочуваат, ќе се врати довербата во правосудството, рече дека станува збор за истите луѓе кои, кога биле на власт, ги направиле измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во врска со најавите на СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за нов закон за борба против корупцијата, со кој, како што посочуваат, ќе се врати довербата во правосудството, рече дека станува збор за истите луѓе кои, кога биле на власт, ги направиле измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи застарување дела и избегнување одговорност.

– Пред неколку недели, кога првпат ја слушнав оваа иницијатива, мислев дека станува збор за нешто што би можело да се прочита во рубриката „Верувале или не“. Затоа се воздржав од коментар и почекав извесно време. Но, гледам дека тие сериозно ја промовираат оваа идеја и очигледно навистина веруваат во неа. Кои се тие луѓе, тоа се луѓето или дечињата на принцопт на криминалот, кои за да се амнестира себе си и криминалот, што го правеше, заедно со нив, неговите дечиња, кои сега си инсталираше во СДСМ, го смени Кривичниот законик и од него избвриша неколку члена со кои што практично се амнестираше целокупниот криминал, што го правеа како Влада – рече Мицкоски.

И, денес, без никаква задршка, додаде тој, десетина дена ја малтретираат македонската јавност дека токму тие ќе бидат носители на борбата против корупцијата.

Реклама

– Искрено, тешко ми е да се изначудам на тоа што го слушам. Но главана работа што ги вознемири е што во последно време станав многу чувстувителен ѕа Доколку навистина се убедени во својата невиност, тогаш не треба да стравуваат од ниеден судски процес. Но, моето чувство е дека работите не стојат така – рече премиерот Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање по отварањето на новиот базен „Карпош“.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: