Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Дваесет години музеј „Теракота“ во Виница

По повод 20 години од формирањетој на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“, денеска и утре Виница е домќин на низа содржини и свечености со кои се одбележува јубилејот на оваа установа од културата. Програмата предвидува научна конференција, културно-уметнички настани, изложба и чествување на значајни личности од македонската култура и наука. Прославата започна утринава во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 20 години од формирањетој на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“, денеска и утре Виница е домќин на низа содржини и свечености со кои се одбележува јубилејот на оваа установа од културата.

Програмата предвидува научна конференција, културно-уметнички настани, изложба и чествување на значајни личности од македонската култура и наука.

Прославата започна утринава во 10 часот, со научна конференција на темата „Музеите – трезори на културната меморија – предизвици и перспективи за развој“, која во моментов се одржува во салата за состаноци на „Прогресив академија“ во Виница.

Реклама

Во вечерните часови, од 20 до 24 часот во „Александар Парк“, ќе се одржи свеченост со музичка програма и забава.

Настап ќе имаат учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, а ќе бидат доделени и признанија на поединци заслужни за основањето и развојот на музејот.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата „Виничко Кале“, по што ќе следуваат коктел и дружење.

Јубилејната програма продолжува утре, кога во Сината сала на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 12 часот, ќе се одржи чествување на ликот и делото на д-р Коста Балабанов, еден од најзначајните македонски археолози и историчари на уметноста, човекот кој има најголем придонес во светската афирмација на теракотните икони од Виничкото Кале.