Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Oфицијален пречек на претседателката Сиљановска-Давкова во Словачка, тет-а-те средба и состанок на двете делегации

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, денеска, во Братислава беше пречекана од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, тие одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Во фокусот на разговорите беше оценката и унапредувањето на билатералните односи, со акцент на политичката соработка, нашата маратонска евроинтеграција […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, денеска, во Братислава беше пречекана од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, тие одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на словачката делегација.

Во фокусот на разговорите беше оценката и унапредувањето на билатералните односи, со акцент на политичката соработка, нашата маратонска евроинтеграција и словачката поддршката во процесот. Предмет на дијалогот беа и: економската соработка, трговската размена и инвестициите, како и можностите за засилено партнерство во енергетиката, инфраструктурата, туризмот и иновациите.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните безбедносни и геополитички состојби во Европа, соработката во рамките на НАТО, како и потребата од стабилност и јасна европска перспектива на регионот.

Реклама

Во рамките на официјалната посета, предвидено е претседателката да оствари средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак.