Реклама

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај големите капитални проекти, работиме и на секој детал што значи поголем ред, безбедност и урбана култура

Скопје се уредува до најситен детал. Покрај големите капитални проекти што го менуваат ликот на градот, со еднакво внимание работиме и на секој детал што значи поголем ред, безбедност и урбана култура – пишува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во денешната објава на неговата фејсбук-страница. Тој информира дека интензивно се врши обележување на хоризонталната сигнализација, како […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје се уредува до најситен детал. Покрај големите капитални проекти што го менуваат ликот на градот, со еднакво внимание работиме и на секој детал што значи поголем ред, безбедност и урбана култура – пишува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во денешната објава на неговата фејсбук-страница.

Тој информира дека интензивно се врши обележување на хоризонталната сигнализација, како и замена на дотраената вертикална сигнализација на градските сообраќајници. Јасната, видлива и функционална сигнализација, истакнува градоначалникот, е основа за побезбеден сообраќај, подобра организација и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот.

– Паралелно, се поставуваат и заштитни столпчиња по должината на булеварите со цел да се заштити јавниот простор, да се обезбедат пешачките и велосипедските патеки и да се стави крај на паркирањето онаму каде што не му е место. Узурпацијата на јавниот простор не смее и нема да биде пракса во Скопје. Се уредува и зеленилото, кое е во надлежност на Град Скопје. Чисти и уредени паркови, булевари и јавни површини се слика што му дава дополнителна убавина и достоинство на нашиот град. Континуирано се чистат и коритото на реката Вардар на територијата на град Скопје – додава Ѓорѓиевски во објавата.

Реклама

Градоначалникот информира и дека во скопската Зоолошка градина се уредуваат пешачките зони, а континуирано се работело и на подобрување на пешачките и велосипедските патеки во градот.

– Јавните претпријатија работат со полн капацитет затоа што скопјани заслужуваат чист, уреден, безбеден и модерен град. Продолжуваме за достоинствено Скопје – истакнува градоначалникот.