Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сали: Дигиталната трансформација клучна за европската интеграција, радиодифузијата столб на безбедно и отпорно општество

Дигиталната трансформација денес е нераздвојна од европската интеграција, а модерната инфраструктура и безбедните системи се клучни за стабилноста и отпорноста на секоја земја – истакна првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на отворањето на меѓународната конференција посветена на јавната радиодифузија во Скопје. Тој нагласи дека годинешната конференција ги отсликува најактуелните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигиталната трансформација денес е нераздвојна од европската интеграција, а модерната инфраструктура и безбедните системи се клучни за стабилноста и отпорноста на секоја земја – истакна првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на отворањето на меѓународната конференција посветена на јавната радиодифузија во Скопје.

Тој нагласи дека годинешната конференција ги отсликува најактуелните трендови и предизвици во секторот, вклучително и 5Г-емитувањето, мрежното поврзување, облак-технологиите, кибербезбедноста и енергетската ефикасност.

– Европа не е изградена само со политики и законодавство, туку и со силна дигитална инфраструктура и поврзаност. Овие сегменти се од суштинско значење за информирано општество, заштита на демократските процеси и обезбедување сигурна комуникација во услови на криза – нагласи Сали.

Реклама

Особен акцент, додаде тој, се става на одржливоста на критичната инфраструктура, што станува сè поважно прашање и во рамките на Европската Унија, особено во контекст на дигиталната отпорност и заштитата на телекомуникациските мрежи.

Сали посочи дека новите технологии отвораат и нови можности за развој, при што примената на вештачката интелигенција и облак-решенијата овозможуваат поефикасни и понапредни системи во радиодифузијата и телекомуникациите.

Тој потенцира дека Македонија останува цврсто определена за усогласување со европските стандарди и за изградба на модерен, компатибилен дигитален екосистем.

Според заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасиевиќ-Варџиски, поврзувањето, радиодифузијата и дигиталните услуги веќе не се посебни сектори, туку заедно ја сочинуваат основата на модерните економии и отпорните општества.

– Во услови кога процесите стануваат сè подигитални, улогата на инфраструктурата никогаш не била поважна – порача Настасиевиќ-Варџиски нагласувајќи дека современите мрежи денес претставуваат клучен столб за функционирање на економијата, институциите и општеството.

Според него, радиодифузната инфраструктура останува еден од најсигурните сегменти во комуникацискиот систем, а модерните дигитални мрежи добиваат стратешко значење, особено во услови на кризи.

Тој информира дека Министерството за дигитална трансформација презело конкретни чекори во оваа насока, вклучително и стратешко планирање, проширување на дигиталните услуги, зголемување на интероперабилноста и поврзаноста, како и усогласување со европската регулатива.

– Напредокот зависи од блиската соработка меѓу институциите и технолошките партнери. Новите платформи отвораат простор за иновации и ефикасност, но за нивна реализација потребни се визија, координација и соодветни политики – истакна заменик-министерот.

Директорот на ЈП Национална радиодифузија, Јусуф Сопи, истакна дека радиодифузијата не е само технологија, туку суштинска врска меѓу луѓето, изградена врз доверба, вистина и моќта на зборот.

Осврнувајќи се на историскиот развој на радиото, тој нагласи дека уште од крајот на 19 век, со првите преноси и поставување антени, почнал процесот на надминување на географските дистанции и поврзување на луѓето.

– Овие достигнувања не се само технички напредок, туку доказ дека празнината меѓу луѓето може да се надмине, дека комуникацијата може да стане мост што ги поврзува световите – рече Сопи.

Тој посочи дека радиото, телевизијата, сателитските технологии и интернетот постепено ги избришале границите создавајќи глобален простор за размена на информации и идеи.

Сепак, според него, суштината на радиодифузијата останува во човечката димензија – во живиот глас и во довербата што се создава меѓу испраќачот и примачот на пораката.

– Живиот глас воспоставува непосредна врска, создава доверба и поврзаност меѓу луѓе што никогаш не се сретнале. Токму во тоа се крие силата на радиодифузијата – нагласи директорот на ЈП Национална радиодифузија.

Во своето обраќање Сопи порача дека современите предизвици бараат храброст, визија и посветеност кон вистината како клучен ориентир во работата на медиумите и радиодифузијата.

Според претседателот на Здружението MBT, Михаел Јанчиќ, радиодифузијата не се однесува само на доставување содржина, туку и на обезбедување одржливи комуникациски структури, кои ќе им служат на граѓаните, особено во време на криза.

Тој посочи дека приклучувањето на Националната радиодифузија кон асоцијацијата минатата година претставува важен чекор во зајакнувањето на регионалната и меѓународната соработка, како и во проширувањето на влијанието на здружението.

Во рамките на програмата ќе бидат опфатени теми поврзани со дигиталната трансформација на медиумите, зајакнувањето на јавниот сервис, како и унапредувањето на професионалните стандарди во радиодифузијата.

MBT-конференцијата претставува значаен регионален настан, кој на годишно ниво ги обединува клучните фактори од областа на радиодифузијата, вклучувајќи радиодифузни компании, институции и производители на техничка опрема, со цел размена на знаења, искуства и унапредување на професионалната и технолошката соработка во секторот.