Реклама

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Македонија

Во македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе одржи концерт групата „Баклава“

Во Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе одржи концерт  групата Балкава, една од најпознатите и најатрактивни музички формации, што го негува како македонскиот, така и фолклорот скоро на сите народи во регионот и оттука се здобива со статус на одлично прифатена и популарна музичка група, ширум државите од целиот наш регион. Посебна популарност стекнуваат со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе одржи концерт  групата Балкава, една од најпознатите и најатрактивни музички формации, што го негува како македонскиот, така и фолклорот скоро на сите народи во регионот и оттука се здобива со статус на одлично прифатена и популарна музичка група, ширум државите од целиот наш регион.

Посебна популарност стекнуваат со обработка на традиционални македонски теми што ќе доминираат на вечерашниов концерт во Белград.

На концертот во Белград,тие ќе настапат во состав Елена Христова (вокал), Владимир Стојчевски (бас гитара), Влатко Пате (перкусии), Хилми Баки (виолина), Анел Селим (кларинет) и Дени Крстев (инженер на звук), а нив пред белградската публика ќе ги претстави дирекорот на КИЦ Белград Васко Шутаров.

Реклама

Групата има пет музички изданија, претежно авторски песни, мешавина од повеќе јазици и музички стилови.

Баклава имаат настапувано во Унгарија, Хрватска, Данска, Шпанија, Франција, Германија, Чешка, Белгија, Романија, Турција, Италија, Словенија,  Грција, а во Белград каде настапуваат со солистички концерт вечерва, последниот настап го имале како предгрупа на концертот на Билјана Крстиќ во Сава Центар.