Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Со „Мали промени – големи разлики“ почнува „Патувачкото кино“ во општина Центар

Општина Центар вечер со почеток од 20 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни, соопштија денеска од локалната самоуправа. – Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар вечер со почеток од 20 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни, соопштија денеска од локалната самоуправа.

– Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено небо. Филмската приказна, реализирана со поддршка на Општина Центар, е специјално наменета за младите и носи поуки за бонтонот, другарството и вистинските вредности. Повелете на дружење во вечерните часови, во пријатната атмосфера на нашите паркови – порачува градоначалникот Горан Герасимовски.

По проекцијата во Парк Капиштец, филмот вечер ќе биде прикажан и кај ООУ „Кочо Рацин“ во терминот од 21 часот.

Реклама

Општина Центар информира дека во периодот од 2 до 13 јуни ќе се одржуваат бесплатни филмски проекции низ центарските паркови, со содржини посветени на младата публика, а за секое дете се обезбедени пуканки и сокче.

– Проектот „Патувачко кино“ овозможува заеднички моменти на дружење и културно-едукативно доживување, збогатувајќи ја летната понуда во градот – потенцираа од Општина Центар.