Реклама

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Деаноски и Трендафилов да не молчат и да кажат дали синдикалните пари завршиле за наградување на привилегирани членови блиски до СДСМ?

Работниците плаќаат членарина за синдикатот да ги штити нивните права, а не за раководството да организира скапи патувања, привилегии и забави за одбрани поединци, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  Јавноста заслужува одговор дали навистина биле потрошени околу 60.000 евра од синдикалните средства за спортски игри во Црна Гора? Дали овие средства, собрани од џебот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работниците плаќаат членарина за синдикатот да ги штити нивните права, а не за раководството да организира скапи патувања, привилегии и забави за одбрани поединци, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Јавноста заслужува одговор дали навистина биле потрошени околу 60.000 евра од синдикалните средства за спортски игри во Црна Гора? Дали овие средства, собрани од џебот на работниците, биле искористени за задоволување на интересите на тесен круг привилегирани членови?

Дополнително, Деаноски и Трендафилов да кажат дали изборот на локацијата бил направен за да им се излезе во пресрет на поединци блиски до СДСМ и дали поради таквите калкулации биле маргинализирани и деградирани долгогодишни и заслужни членови на синдикатот.

Реклама

Наместо борба за повисоки плати, подобри услови за работа и заштита на работничките права, јавноста е сведок на политика на привилегии, селективност и нетранспарентно трошење на парите на членството.

Членството има право да знае каде завршиле нивните пари и кој ќе понесе одговорност.

Синдикатот не смее да биде приватен клуб за привилегирани поединци. Тој постои за работниците, а не работниците за него.

Време е за целосна транспарентност, отчетност и одговорност.