Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка, средби со највисокото државно раководство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе оствари средба и со претседателот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини.

Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

Македонската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Реклама

Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин.

Утре, претседателката Сиљановска-Давкова во Националниот центар за култура и образование во Братислава ќе ја посети групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, со дела на македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска. Куратор на изложбата е Кирил Пенушлиски.