Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ден на македонската статистика – императив воспоставување статистички систем базиран на регистри

Државниот завод за статистика го одбележа Денот на македонската статистика  – 1 Јуни со конференција посветена на 20-годишнината од донесувањето на Кодексот за работа на европската статистика, кој претставува основа на современиот европски статистички систем и еден од најважните механизми за обезбедување професионална независност, квалитет и доверба во официјалната статистика. Директорот на Државниот завод за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за статистика го одбележа Денот на македонската статистика  – 1 Јуни со конференција посветена на 20-годишнината од донесувањето на Кодексот за работа на европската статистика, кој претставува основа на современиот европски статистички систем и еден од најважните механизми за обезбедување професионална независност, квалитет и доверба во официјалната статистика.

Директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков на конференцијата порача дека идниот успех на официјалната статистика зависи од постигнувањето внимателен баланс помеѓу иновациите и основните статистички принципи. 

Станков потенцираше дека Кодексот за работа на европската статистика претставува основна водилка и императив во секоојдневното работење на ДЗС и оти се целосно посветени во неговото суштинско исполнување.

Реклама

– Денес, статистичкиот систем треба постојано да се приспособува кон новите општествени, технолошки и економски предизвици што ја отсликуваат потребата од континуирано унапредување и на фундаментите и принципите на официјалната статистика. Истовремено, потребно е принципите на Кодексот и понатаму да гарантираат професионална независност, непристрасност, објективност, статистичка доверливост и квалитет. Идниот успех на официјалната статистика зависи од постигнувањето внимателен баланс помеѓу иновациите и основните статистички принципи. Статистичките институции мора да инвестираат во квалификувани човечки ресурси, модерна инфраструктура, силни рамки за управување и партнерство со академската заедница, бизнис-заедницата и меѓународните организации – рече Станков. 

Иако основните принципи на официјалната статистика се сè уште непроменети, како што укажа, методите, изворите на податоци и статистичките процеси треба постојано да се приспособуваат кон новото дигитално опкружување, особено имајќи предвид дека вештачката интелигенција, напредната аналитика и дигиталната трансформација суштински го менуваат начинот на кој се создаваат и се користат официјалните статистички податоци. Паралелно, потенцираше Станков, статистичките институции мора да се осигурат дека новите ВИ-алатки се имплементираат одговорно, транспарентно и под јасен човечки надзор.

Според Станков, предизвикот сега не е само да се обезбеди квалитетна статистика, туку и да се редефинира улогата на официјалната статистика во поширокиот систем на управување со податоците.

Државниот завод за статистика, како што рече директорот, континуирано работи на усогласување со европските статистички стандарди и практики и конкретно со Кодексот за работа на европската статистика. Во 2017 година, од страна на Евростат беше спроведено првото целосно партнерско оценување во нашата земја, како дел од стратегијата на европскиот статистички систем за мониторинг на имплементацијата на Кодексот на работа на европската статистика. Подготвениот извештај и листата на препораки креирана од експертите на Евростат го позиционираат националниот статистички систем на ниво на европскиот статистички систем.

– Во март 2027 година ќе се спроведе новото партнерско оценување, а подготвителните и организациски активности веќе започнаа со оглед на тоа дека се работи за сложен процес во кој се подготвуваат цел пакет документи и се комуницира со различни засегнати страни  –  рече Станков.

Тој во обраќањето се осврна и на извештајот на Европската комисија за напредокот, во кој е нотиран напредок во областа на статистката, со оценка дека земјата постигна помеѓу умерено и добро ниво на подготвеност во областа на статистиката со нотиран напредок во доставувањето податоци до Евростат.

– Во однос на останатите поглавја, Поглавјето 18 – Статистика е едно од најдобро оценетите поглавја. Истовремено, продолжуваме посветено да работиме на понатамошна хармонизација на националната статистика со европските стандарди преку пилот-проектите во рамките на Повеќекорисничката програма ИПА 2022, при што имаме соработка со повеќе институции, меѓу кои со Статистика Чешка, Унгарија, Словенија, Хрватска, потоа твининг-проектот со Националниот институт за статистика на Италија и билатералниот проект со Шведската статистика – истакна Станков.

Наш императив за иднината, потенцираше, е воспоставување статистички систем базиран на регистри, за што презедовме значителни активности.

– Со внатрешни капацитети работиме и на нови ВИ-алатки, трудејќи се да ги следиме последните трендови. Веројатно сме меѓу првите институции што носат правилник и оперативни процедури за примена на вештачката интелигенција во работењето, рече директорот на Државниот завод за статистика, посочувајќи дека користењето административни и алтернативни извори на податоци, користењето на новите технологии и можностите на вештачката интелигенција бараат постојано приспособување и инвестирање.