Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Андоновски во Париз: Балканот да се третира како прашање на стратешка предвидливост, сајбер заканите се заеднички

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани.

Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity Centre – WB3C, со цел продлабочување на дијалогот за сајбер отпорноста, регионалната соработка, интероперабилноста и усогласувањето со европските и евроатлантските безбедносни стандарди.

Како што соопшти прес-службата на Министерството за дигитана трансформација, министерот Андоновски нагласил дека сајбер безбедноста денес не е само техничко прашање, туку прашање на национална отпорност, демократска стабилност, заштита на критичната инфраструктура и доверба во дигиталната држава.

Реклама

– Македонија ја гледа сајбер отпорноста како составен дел од европската безбедност и демократската отпорност. Како НАТО сојузник и земја со јасна евроатлантска ориентација, пристапуваме кон сајбер безбедноста преку три паралелни перспективи: безбедносна усогласеност со НАТО, усогласување со европското acquis и целите на Дигиталната декада, како и потреба стратешката усогласеност да се претвори во реален оперативен капацитет –  истакна Андоновски.

Министерот посочи дека Македонија во изминатиот период постигна значителен напредок во законодавното и институционалното усогласување, преку донесување на нов Закон за безбедност на мрежи и информациски системи усогласен со принципите на NIS2, усвојување на Национална стратегија за сајбер безбедност, зајакнување на институционалната координација и интензивирање на работата на интероперабилноста, безбедните дигитални услуги и дигиталната јавна инфраструктура.

Андоновски истакна дека Македонија инвестира значајни средства во изградба на Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT, заштитни системи, безбедна инфраструктура и меѓусебно поврзување, со средства од националниот буџет и со поддршка од стратешките партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави.

Министерот се осврна и на зголемената комплексност на заканите, посочувајќи дека сајбер инцидентите сè почесто се поврзани со хибриден притисок, дезинформации, економска принуда и напади врз довербата во институциите. Тој нагласи дека критичната инфраструктура денес не се однесува само на енергетиката и телекомуникациите, туку и на јавната администрација, здравствените системи, образовните платформи и дигиталните јавни услуги.

– Заканата не е само нарушување на системите, туку нарушување на довербата — довербата во институциите, дигиталните услуги и демократските процеси – порача министерот Андоновски. 

Во дискусијата беше нагласена и потребата од посилен пристап на Европската Унија кон финансирање на сајбер инфраструктурата во регионот, особено во рамки на инструментите за поддршка на Западен Балкан. Министерот посочи дека сајбер безбедноста треба да биде јасно препознаена како приоритетна област за инвестиции, бидејќи отпорноста на регионот е директно поврзана со отпорноста на поширокиот европски дигитален простор.

Посебен акцент беше ставен на регионалната соработка. Андоновски порача дека сајбер заканите не запираат на границите и дека помалите администрации не можат да градат отпорност изолирано.

– За Западен Балкан, регионалната оперативна соработка не е луксуз, туку мултипликатор на сила. Потребни ни се постојани доверливи контакт точки, редовни заеднички сајбер вежби, структурирана размена на информации и посилна интеграција со механизмите на ЕУ и НАТО – истакна министерот.

Тој додаде дека Франција, Европската Унија, НАТО сојузниците и трансатлантските партнери имаат клучна улога во градењето регионални механизми за доверба, споделување информации, обуки и заеднички вежби.

– Западен Балкан веќе денес е дел од безбедносната архитектура на Европа. Регионот не може да се третира само како прашање на идна интеграција, туку како прашање на стратешка предвидливост – порача Андоновски.

Тркалезната маса во Францускиот сенат претставуваше можност за размена на искуства меѓу земјите од Западен Балкан и европските партнери, со фокус на практичното јакнење на сајбер капацитетите, заштитата од хибридни закани и унапредувањето на регионалната и европската соработка во областа на дигиталната отпорност.