Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска остварил средба со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев. Како што соопшти собрниската прес-служба, на средбата била потврдена добрата и континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК, при што соговорниците разменија мислења за актуелните регионални и меѓународни предизвици, како и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска остварил средба со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев.

Како што соопшти собрниската прес-служба, на средбата била потврдена добрата и континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК, при што соговорниците разменија мислења за актуелните регионални и меѓународни предизвици, како и за улогата на парламентарната дипломатија во унапредувањето на дијалогот, довербата и регионалната соработка.

Претседателот Гаши ја истакнал посветеноста на Собранието кон активното учество во работата на ПАБСЕК и ја нагласи важноста на организацијата како значајна платформа за парламентарна соработка и поврзување на регионот со европските политички и економски процеси.

Реклама

Генералниот секретар Хаџиев изразил задоволство од можноста за оваа средба и ја поздрави активната улога на Собранието на Македонија во рамките на ПАБСЕК. Тој нагласи дека соработката меѓу ПАБСЕК и Делегацијата на Собранието во ПАБСЕК е на високо ниво, оценувајќи ја како динамична, конструктивна и значајна за натамошното унапредување на работата на организацијата.

На средбата присуствуваше и генералната секретарка на Собранието Марина Димовска, која информирала за тековните активности на Собранието, нагласувајќи ја важноста на ПАБСЕК како значајна платформа за парламентарна соработка, размена на искуства и унапредување на регионалниот дијалог.

Соговорниците ја потврдиле заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката и зајакнување на парламентарниот дијалог во рамките на ПАБСЕК. Воедно, беше изразено уверување дека добрите партнерски односи ќе продолжат да се развиваат во духот на меѓусебна доверба, разбирање и заеднички интерес.