Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Манасиевски: Филипче и таквите како него да сфатат дека Македонија нема да прави повеќе отстапки, нема веќе “како до сега”

Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции додека не добие јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија во форма на заклучоци. Македонија и граѓаните веќе еднаш платија прескапа цена поради лековерноста и погрешните политики на СДСM, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче. Тогаш беше променето уставното име на Македонија, со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции додека не добие јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија во форма на заклучоци. Македонија и граѓаните веќе еднаш платија прескапа цена поради лековерноста и погрешните политики на СДСM, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче. Тогаш беше променето уставното име на Македонија, со длабоки уверувања дека тоа ќе значи сигурен влез во Европската Унија, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција. 

Но, наместо членство во ЕУ, Македонија доби нови условувања, нови блокади и нови понижувања. Затоа овој пат нема да има отстапки без гаранции, без заштита на националните интереси и без сигурност дека секој чекор навистина ќе значи реален напредок во евроинтегративниот процес.

Затоа, специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, наместо да бара уставни измени, нека му пренесе на својот бугарски претседател Румен Радев дека Македонија очекува конкретна испорака од бугарска страна, а таа испорака започнува со почитување и спроведување на пресудите од Стразбур.

Реклама

Почитувани граѓани,

Испраќаме јасна порака до Венко Филипче и таквите како него. Без гаранции од ЕУ нема уставни измени. Без испорака на пресудите од Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија, нема поместување на македонската позиција. Македонија ќе продолжи по европскиот пат, но достоинствено, заштитено и без прифаќање на уцени и диктати.