Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Министерот Ристовски упати честитки за млади борачи – медлисти на ЕП У15, борењето има иднина!

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, освојувачи на бронзени медали на Европското првенство за борачи до 15 години што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и нивните тренери, како и претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов. Како што информираат од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, освојувачи на бронзени медали на Европското првенство за борачи до 15 години што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и нивните тренери, како и претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов.

Како што информираат од Министерството за спорт, Ристовски им го честитал големиот успех на младите спортисти, кои се стипендисти на Министерството во рамки на Програмата за поддршка на млади таленти, истакнувајќи дека тие се иднината на македонското борење.

-Министерството за спорт секогаш ќе ги поддржува талентираните спортисти и вистинските резултати. Борењето во Македонија е спорт со богата традиција, а овие млади луѓе се неговата иднина. Им посакувам Нивните успеси се доказ дека вложувањето во младите спортисти носи резултати и создава основа за нови достигнувања на меѓународната сцена – истакнал Ристовски.

Реклама

Младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, предводени од своите тренери Јасин Реџалари, Мики Тодоров и Буњамин Ебипи, во силна европска конкуренција освоија бронзени медали во своите категории.

Овие медали претставуваат значаен успех за македонското борење и потврда за квалитетната работа со младите категории, како и за континуираната поддршка што ја добиваат перспективните спортисти.

-Упатуваме голема благодарност за поддршката што ја добиваме од Министерството за спорт. И Абдулазиз и Лука се стипендисти на Министерството и таа поддршка е исклучително важна за нивниот развој. Веруваме дека ова е само почеток и дека во иднина ќе продолжат да остваруваат уште поголеми успеси – рекол тренерот Јасин Реџалари.