Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Министерството за спорт му честита на ГРК Охрид за историската европска титула

Министерството за спорт упати честитки до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот куп на ЕХФ. – Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ракомет и огромна гордост за македонскиот спорт. ГРК Охрид стана вториот македонски клуб кој успеал да го освои Европскиот куп, по […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за спорт упати честитки до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот куп на ЕХФ.

– Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ракомет и огромна гордост за македонскиот спорт. ГРК Охрид стана вториот македонски клуб кој успеал да го освои Европскиот куп, по успехот на РК Алкалоид минатата сезона, а воедно и четвртиот македонски ракометен клуб што се закитил со европска титула, покрај освојувачите на Лигата на шампионите – РК Кометал Ѓорче Петров и РК Вардар – стои во честитката од Министерството за спорт.

Оттаму нагласуваат дека овој успех е резултат на посветена работа, професионализам, визија и истрајност и потврда дека македонскиот ракомет продолжува да биде препознатлив и конкурентен на европската сцена.

Реклама

– Оваа европска титула нека биде поттик за нови достигнувања и уште поголеми успеси на македонскиот ракомет – дополнуваат оттаму.

ГРК Охрид вчера испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет, совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј.