Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Болничка чекална, шалтер и редица столчиња, но наместо во здравствена установа чекалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болничка чекална, шалтер и редица столчиња, но наместо во здравствена установа чекалната е поставена на сквер во центарот на Скопје. Преку оваа инсталација  Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените,  ЕССЕ  сака  го привлече вниманието кон корупцијата во јавното здравство. Инаку според истражувањето на ЕССЕ најмногу корупција има за добивање побрз термин за операција или преглед преку ред. 84 отсто  од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во  здравствениот систем, покажува истражувањето на  Здружението.

–Она што би сакале да го упатиме дека повеќе нема време за чекање и треба да се преземат конкретни, сериозни и стратешки чекори кои што всушност ќе доведат до надминување на овој проблем кој што постои во јавното здравство– истакна Дарко Антиќ- програмски координатор-ЕССЕ

Според истражувањето на ЕСЕ, давањето пари или подароци е најчестата форма на корупција во македонското јавно здравство. Во најголем дел од случаите, според организацијата, неформалните плаќања се поврзани со обезбедување болнички кревет или операција без чекање, како и со добивање специјалистички термин „преку ред“.

Реклама

„Она што сакавме да го покажеме преку оваа поставка  е всушност е наеден  креативен и необичен начин да го свртиме вниманието на јавноста и на надлежните институции  за еден од клучмните проблеми кој што е длабоко вкоренет   во македонскотојавно  здравство  со кој  што граѓаните всушност се соочуваат секојдневно.“– истакна Дарко Антиќ- програмски координатор-ЕССЕ

Од здружението  особено ја издвојуваат изложеноста на жените на коруптивни практики во здравството, но нагласуваат дека акцијата не е насочена против здравствените работници, туку против системските недостатоци и коруптивните практики кои, како што велат, му штетат и на угледот на здравствената професија. Додаваат дека многу малку  се пријавува  корупција до надлежните институции  и од страна на здравствените работници но и  од граѓаните.