Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Преку езерото е единствениот фестивал кој им помага на младите актери, студенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку езерото е единствениот фестивал кој им помага на младите актери, студенти и дебитанти во стартот на кариерата. Трета година по ред се одржува работилницата „Нови бранови“, во која младите учесници креираа свои приказни, а со помош на менторите Александар Русјаков и Дејан Милошевски ги пишуваат своите сценарија, кои ќе прераснат во дебитантски и студентски филм за една година.

„Искуството е прекрасно да се работи со млади автори, со млади луѓе коишто сакаат да станат автори, филмски автори. Затоа што секогаш е голем предизвик да работиш со луѓе коишто сонуваат уметност и сакаат да ги остварат сопствените соништа. Јас секогаш го кажувам тоа. Дали е поврзано со оваа работилница или со работилницата за креативно пишување што ја водам, дека на овие работилници они нешто научуваат од мене, ама и јас многу учам од нив и тоа е посебното задоволство“, изјави Алексанадр Русјаков, ментор на „Нови бранови“, на „Преку езерото“..

Добитници на финансиската помош која ја доделува „Преку езерото“ ги прикажаа двата краткометражни филма „Вошки“, по сценарио и режија на Розе Симоновска – минатогодишната учесничка на Фестивалот.

Реклама

„Роза, како студент, даде прекрасен филм на отворањето, што ни даде едни емоции дека веќе нашиот филм делува моќно. Има авторство. Мислам дека публиката не го доживеа како студентски филм, туку како филм на режисер што веќе режирал. Аплаузот беше толку голем што нè направи горди на делото што го правиме за младите студенти“, изјави продуцентот, Дејан Милошевски.

Младите учесници сметаат дека ова е одлична можност не само да научат од веќе докажани филмаџии, туку и да се потрудат да добијат финансиска помош за својот прв филм.

Менторот на работилницата, Александар Русјаков, вели дека македонскиот филм секогаш ќе има иднина, затоа што секогаш ќе има луѓе што ќе сакаат да бидат филмаџии.

„Од искуството од претходните две работилници може да се види дека има навистина добри автори. Македонскиот филм, без разлика дали постои оваа работилница или не, секогаш ќе има иднина, затоа што секогаш ќе има луѓе коишто сакаат да бидат уметници, филмски уметници, филмаџии. Но, оваа работилница покажа, преку четирите филма што досега се финансирани и реализирани, а вчера имаше премиера на еден од нив за време на фестивалот, дека тоа се многу талентирани млади луѓе. Иднината ќе покаже како понатаму сами ќе се развиваат. Ова е само една отскочна даска. Понатаму сè е во нивните раце и во нивните соништа“, изјави Алексанадр Русјаков, ментор на „Нови бранови“, на „Преку езерото“.

На работилницата учествуваат дипломирани режисери, сценаристи и продуценти – автори кои сè уште немаат реализирано дебитантски краткометражен игран филм. Филмскиот фестивал, освен што им помага финансиски, им обезбедува грант за техника и опрема, продукциска поддршка и материјални средства за снимање и постпродукција.